ФОТО | Георгина Родригез блесна во црвена креација во Венеција, но доби критики за чевлите

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Шпанската инфлуенсерка Георгина Родригез секогаш знае како да го привлече вниманието со своите модни избори, а тоа го направи и на црвениот тепих на годинашното издание на Венецијанскиот филмски фестивал.

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо пристигнала во сензационална црвена креација од швајцарската модна куќа „Ветмо“.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Убавата Шпанка го искомбинирала долгиот црвен фустан со високи бели ракавици и сребрено ланче. Но, она што отвори дискусија меѓу љубителите на модата е нејзиниот избор на чевли – лакирани чизми со платформи и вртоглаво високи потпетици.

Според многумина, тие биле во целосен контраст со горниот дел од комбинацијата и, едноставно, не одговарале во целата модна приказна.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Земајќи го во предвид фактот дека Родригез, веројатно, сакала на овој начин да додаде неколку сантиметри висина за целосно да го покаже фустанот, многумина сметаат дека има многу подобри опции.

„Георгина ми делуваше прекрасно, сè до моментот кога го крена фустанот и ги покажа чевлите“, „Елегантни бели ракавици со лакирани чизми? Ве молам, поштедете ме од ова!“, „Ужасна комбинација, чизмите уништиле сè“, се дел од коментарите на социјалните медиуми.

ФОТО | Роналдо и Георгина Родригез го прославија шестиот роденден на близнаците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот