ФОТО | Филипинка во Македонија: Првите месеци ме фати депресија, на свекорот му реков „дали си умрен“ наместо уморен…

Фото: Принтскрин / Instagram

Кристи Рејчел Трајкоски по потекло е од Филипините, од градот Манила, но љубовта ја донела во Македонија каде живее веќе десет години. Дипломирала менаџмент на хотелиерство и ресторани во својата родна земја. Две години работела во Дубаи и кога добила можност да работи на крузер, без размислување ја прифатила понудата и да го прошетала светот. Таму го запознала Бојан, нејзиниот сопруг со кого се заедно веќе 14 години и имаат две деца.

фото – приватна архива

– Во Македонија дојдов поради љубов, со сопругот се запознавме во 2007 година, двајцата работевме на брод 4 години, а во 2011 година дојдов во Македонија. Од брод во Македонски брод – се смее Кристи.

Од егзотичните Филипини до Македонски брод, два сосема различни света за живеење.

– Шест години живеев во Македонски Брод и навистина на почетокот беше депресивно доаѓањето од голем град, како што е Манила, во толку малечко место како што е Македонски Брод. Првите четири месеци ме фати тешка депресија, од егзотика, во планини. Но, се навикнав брзо, Македонски брод е многу убав град, има многу природа и чист воздух. Сите се пријатели таму. Да го изрекламирам Македонски брод, ако сакате да се одморите дојдете во овој град. А Скопје нуди повеќе можности за работа, за живот, за децата – вели Кристи.

Нивната свадба била закажана само 15 дена откако пристигнала во Македонија.

– Имав само 15 дена да се запознаам со роднините на сопругот, да ги научам македонските традиции, обичаи и ора. Со сестрата на Бојан учев да играм оро.  Воопшто не знаев како изгледа македонска свадба, 300 гости и играње од почеток до крај. Наместо прва брачна ноќ, јас заспав веднаш облечена во венчаницата. Имате интересни обичаи, вечерта по свадбата ме пречека дома свекрвата и ми даде да носам леб под рацете, а сопругот ме крена и ме внесе внатре. Па кога се породував, пак свекрва ми ми пушти јајце под блузата. Вие истурате вода кога некој тргнува на пат. Имате многу интересни работи кои ги правите.

фото – приватна архива

По четири месеци почнала да работи и да го зборува македонскиот јазик, а после година учествувала и во телевизиски емисии, давала и неколку интервјуа, а била дел и од реклама за туризам во Македонија.

– Од македонскиот јазик најтешко ми беше да ги запомнам оние зборови каде што има само една буква разлика. Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на свекор ми кога ме праша што има за ручек, а јас му одговорив: „За ручек имаме желка бе тате, ќе јадеме желка“ (наместо зелка, н.з) или кога сакав да го прашам: „Дали си уморен?, а јас реков – дали си умрен тато? – се смее Кристи…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот