ФОТО: Филип Талески претставен како нов ракометар на Бенфика

фото: Isabel Cutileiro/SL Benfica

Македонскиот репрезентативец Филип Талески одлучи да ја продолжи својата кариера во редовите на португалската Бенфика.

Португалскиот клуб денеска и официјално го промовираше нашиот 27-годишен лев бек Филип Талески.

Талески до сега ги бранеше боите на РК Вардар 1961, а претходно беше дел и од Балинген-Веилстетен, Рајн-Некар Левен и скопски Металург.

фото: Isabel Cutileiro/SL Benfica

За Бенфика вели дека е еден од најдобрите ракометни клубови во светот.

– Многу сум среќен што ќе играм во Бенфика. Бенфика е еден од најдобрите клубови во светот. Од моја страна, ќе го дадам максимумот за клубот, во исполнувањето на нашите цели. Ова е голем град и голем клуб. Зборував со моите колеги Никола Митревски и Борко Ристовски (екс играчи на Бенфика). Ми кажаа сè за клубот. Професионален клуб, и секоја година се бори да ја освои лигата. Знам дека Бенфика има голем број на навивачи и важно е на секој натпревар да ја добиваме поддршката – се зборовите на Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот