ФОТО | Џони Деп „фатен“ со Кејт Мос: Таа била во бекстејџот на концертот во Лондон

џони деп
Кејт Мос и Џони Деп/ Фото: EPA-EFE/Принтскрин Јутјуб

Откако заврши судењето меѓу актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, актерот ги изненади сите појавувајќи се на концерт во Лондон. Интересно е што во бекстејџот му се придружила неговата поранешна љубов Кејт Мос која го поддржа на минатонеделното сослушување.

 

Имено, актерот додека ја чека одлуката на поротата очигледно утеха пронашол во музиката.

ВИДЕО | Џони Деп ја замени судницата со сцена: Отсвири неколку песни со Џеф Бек додека чека пресуда

Тој заминал во Велика Британија каде ја изненади публиката на концертот на неговиот пријател и музички колега Џеф Бек. Публиката беше воодушевена кога Џони излезе на сцената со гитара во рацете и свиреше.

Но, она за што се зборува деновиве е тоа што Кејт Мос, која минатата недела сведочеше во корист на Деп, била во бекстејџот на концеротот, за што сведочат и фотографиите на излезот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gente Yold (@genteyold_cm)

Да потсетиме светски познатиот модел Кејт Мос и поранешна девојка на Џони Деп, минатата недела сведочеше на судењето на кое актерот ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета. Таа во своето сведочење негираше дека Џони Деп ја турнал по скали, со што оспори уште една изјава што Херд ја изнесе пред судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот