ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек разгледувале вила од 65 милиони долари

џенифер лопез бен афлек
ФОТО: Инстаграм

Џенифер Лопез и Бен Афлек направиле уште еден голем чекор во обновената врска и се впуштиле во потрага по куќа. Тие биле забележани како разгледуваат скапи вили низ Лос Анџелес, вклучително и огромна куќа од 65 милиони долари во елегантен црн „Мерцедес“.

Анонимен извор изјавил за „TMZ“ дека Бен ја придружувал Џеј Ло во потрага на вила во Лос Анџелес и дека парот сè уште „не е подготвен да се всели заедно“.

Џенифер изгледала лежерно со едноставна шминка и косата ѝ била собрана назад покажувајќи ги дијамантските обетки, а Бен исто така во лежерен стил носел темно сива маичка, како што биле забележани во нивното возило.

Eдна од вилите што ги посетиле, именувана како „il Magione“, потенцијално ќе им обезбеди многу приватност, благодарение на оградите околу имотот. Домот бил дизајниран да ги воодушевува гостите уште од самиот почеток, благодарение на неговиот висок, украсен влез. Огромната „палата“ била 31.450 метри квадратни, имала осум спални, неколку базени па дури и куглана и домашно кино.

Повеќе фотографии може да погледнете тука.

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во забавен парк со нивните деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот