ФОТО | Џенифер Анистон во секси издание на насловната на „Си-ар фешн бук“

Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“

Американската актерка Џенифер Анистон ја краси насловната страница на октомврискиот број на модното списание „Си-ар фешн бук“.

Во разговорот со новинарката Натали Шукур, таа проговори за нејзината коса, која е нејзин препознатлив визуелен печат, за нејзината нова козметичка линија за коса „ЛолаВи“, за животниот стил и за начинот на којшто ја одржува својата витка линија, но и за нејзините идни планови во актерската кариера.

Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“

Анистон, која со својата култна фризура од ситкомот „Friends“ ги дефинираше деведесеттите години, откри дека козметичката линија за коса се создавала со децении.

„Сите производи што ги користев во текот на мојот живот, дома или на работа, беа дел од истражувањето и развојот за ‘ЛолаВи’“, сподели таа при разговорот.

Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“

За потребите на едиторијалот, Анистон позираше пред објективот на еминентната фотографка Зои Гросман.

Главната уредничка Карин Ројтфелд се погрижи за модните комбинации на актерката, меѓу кои најмногу впечаток остава онаа со кроп-топ кошула, отмен црн градник, кравата и црни панталони.

Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“
Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“
Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“
Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“
Фото: Инстаграм/„Си-ар фешн бук“

ВИДЕО | „Изгледа неверојатно на 54 години“: Џенифер Анистон покажа дека сѐ уште е во одлична форма

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот