ФОТО | Деми Мур во бикини на 60 години: Актерката целосно мокра ја истакна совршената фигура

Фото: Instagram / demimoore

Актерката Деми Мур на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии од нејзината најнова авантура, на кои позира во бикини. Без сомневање таа ги воодушеви своите обожаватели со совршената фигура.

На фотографиите Деми позираше под водопад во костим за капење, а сите веднаш ја забележаа нејзината фигура.

Фото: Instagram / demimoore

„Уште во септември имав можност да патувам низ Големиот Кањон на реката Колорадо со толку убави души. Се смеевме, плачевме и создававме нераскинливи врски“, напишала актерката во описот на објавата.

Фото: Instagram / demimoore

Актерката доби безброј позитивни комплименти, нагласувајќи дека нејзината убавина се издвојува и дека им неверојатен изглед на 60 години.

Фото: Instagram / demimoore

„Човеку, таа секогаш изгледа толку добро“; „Деми, која е тајната на твојата убавина?“; „Толку си убава“; „Оваа жена не старее“, беа дел од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот