ФОТО | Деми Ловато: Не се срамам од моите стрии, гордо ги покажувам

Instagram
Instagram

Пејачката Деми Ловато, последниве години отворено зборува за проблемите со исхраната со кои се борела во минатото. Ловато на социјалните мрежи постојано споделува мотивирачки фотографии, со цел да ги охрабри своите пријатели и обожаватели отворено да зборуваат за работите кои ги мачат.

Во најновата серија фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил, Деми ги покажа своите стрии кои ги покрила со светки.

Јас сум толку благодарна и за прв пат искрено можам да кажам дека мојот лекар ме погледна и ми рече: – Вака изгледа закрепнувањето од нарушување во исхраната. Во чест на мојата благодарност за местото на кое се наоѓам денес, би сакала да ги покажам стриите што ги имам, наместо да се срамам од нив. Почнав да им ставам светки со цел да го славам моето тело и неговите одлики. Моите стрии не исчезнуваат, па затоа им додадов уште повеќе сјај“, напиша пејачката.

Instagram
Instagram

Ова нека биде потсетник за сите. Мора да верувате во себе. Оваа година беше тешка. Бидете нежни кон себе ако се лизнете не заборавајте дека мора да се вратите на вистинскиот пат…“, додаде таа.

Instagram
Instagram

Деми не крие дека со години се бори да го зачува своето ментално здравје. Во текот на 2018 година, таа речиси го допре дното од предозирање. Потоа се повлече од јавниот живот, со цел да работи на себе. Сега постепено се враќа на музичката сцена.

Instagram
Instagram

Поради нарушувања во исхраната и самоповредување, таа за прв пат била хоспитализирана кога имала 18 години.

Споделувајќи го своето искуство, проблеми и пред сè лична борба, таа им помага на луѓето кои се соочуваат со истите проблеми, давајќи им надеж дека ќе биде подобро и дека не се сами во ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот