ФОТО | ЦИА ја објави вистината: НЛО веќе не се тајна, еве што содржат документите

Фото: МИА

Над илјада документи на ЦИА за неидентификувани летечки објекти се достапни да се симнат од интернет.

Документите се објавени онлајн благодарејќи на сајтот Блек волт, кој го води Џон Гринвалд Џуниор, активист посветен на слобода на информациите.

Архивата која може да се симне од интернет е резултат на напорите на Гринвалд, кој поднесе дури 10.000 барања за пристап на информации од јавно значење и кој рачно скенираше повеќе од 2,2 милиони страни, кои сега се достапни на пошироката јавност, така што можат да се превземат од интернет.

Некои извештаи на ЦИА за НЛО се стари со декади и американската разузнавачка агенција тврди дека тоа се што има во архивата за неидентификуваните летачки објекти. Меѓутоа, Гринвалд наведува дека таквото тврдење на ЦИА не може да биде потврдено.

Документите се објавени пред истекот на рокот кој со закон е даден од државните органи за објава на извештаите за НЛО. Тие содржат бројни сведочења за необјасниви контакти, но бројни детали се скриени.

Гринвалд тврди дека ЦИА не била расположена за соработка кога станувало збор за неговите барања и дека дури и технички се обидувале да му отежнат преземање на документите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот