ФОТО | Чини како гарсониера во Скопје: Ана Ивановиќ носи чанта од 30.000 евра!

Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ (35) често ги покажува своите стајлинзи на социјалните мрежи.

Таа сега на својот инстаграм-профил објави фотографија која е направена неодамна, а на многумина им падна в очи баснословно скапата чанта од познат светски бренд „Ермес“, за која има огромна листа на чекање.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ана носеше едноставен бел мантил, црни чизми и чанта „Биркин“ вредна 30.000 евра.

„Прошетки во градот наесен. Никогаш не заборавајте дека ништо не е невозможно во животот само затоа што другите велат така. Создадете свои правила“, напишала таа во описот на фотографијата.

Фото: Профимедиа

Инаку, Ана Ивановиќ неодамна отворено проговори за своето семејство и јавноста.

– Сакаме да ја одржуваме приватноста и да ги штитиме децата. Отсекогаш сум бил интроверт и сакам да ја имам мојата приватност. Со текот на годините имав чувство дека моите зборови се пренесени на погрешен начин. Не се плашев од камери, но никогаш не се чувствував удобно пред нив – рекла поранешната српска тенисерка за РТС.

Се породи Ана Ивановиќ: Српската тенисерка стана мајка на уште еден син

ФОТО | Божиќ во домот на Ана Ивановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот