ФОТО: Без никакво известување утрово блокиран булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Утрово без никаква најава е блокиран булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар, што предизвика хаос на тој булевар.

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Екипата на „Слободен печат“ утрово успеа да го фотографира настанот.

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Големи колони возила се насобраа, а граѓаните беа видно нервозни поради големиот метеж.

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Во ниту едно од соопштенијата на надлежните институции не беше наведено дека во овој дел од градот ќе се асфалтира патот.

Скопје блокада/ Фото Слободен печат

Иако за денеска беа најавени големи блокади на приватните превозници, некои од главните булевари беа изненадувачки празни.

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележува долж:

-мост Нова железничка станица кон ул. Никола Карев,
-ул. Беласица во насока на движење кон бул. Гоце Делчев,
-бул. Гоце Делчев кон ул. Беласица,
-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,
-бул. Јане Сандански кон бул. К.Ј.Питу,
-ул. Симеон Кавракиров кон Центар,
-бул. Киро Глигоров кон Автокоманда,
-3та Македонска Бригада кон ул. Пролет,
-ул. 11 Октомври кон Центар,
-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кон Центар,
-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот