Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ ќе доделува парични награди

Парична награда од Фондацијата „Претприемачки сервис за млади” ќе добијат домашните компании кои спровеле успешна иновација во своето работење.

На конкурсот што има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори ќе бидат избрани три фирми што ќе добијат по 200 илјади денари, средства што ќе можат да ги користат за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.

Заради подобро запознавање со условите за учество на конкурсот, денеска во Охрид ќе се одржи информативен настан, на кој потенцијалните апликанти ќе можат подетално да се запознаат со начинот на аплицирање и критериумите за избор на најдобрите апликанти.

Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории и тоа старт-ап, мала и средна компанија. Конкурсот е отворен за сите индустриски сектори. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината” што ќе се одржи на 29 мај во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот