Фон дер Лајен на Твитер објави за „момент на Европа“: Вакцинацијата против ковид-19 во ЕУ почнува на 27 декември

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска потврди дека вакцинацијата против ковид-19 во Европската Унија (ЕУ) ќе почне на 27 декември.

– Вакцинацијата низ Европската унија ќе почне на 27, на 28 и на 29 декември. Ова е моментот на Европа. Заедно ги штитиме нашите граѓани. Заедно сме посилни, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Повеќе европски земји, вклучително и Германија, Франција и Италија, претходно соопштија дека ќе го координираат почетокот на нивните кампањи за вакцинација против коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска изјави дека сите земји-членки на ЕУ планираат да почнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот