Физички нападнат вработен во болница во Кавадарци

Македонска полиција/ Фото: Миа

Два физички напади се случиле викендов во Тиквешко, едниот нападнат бил вработен во болница, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во Полициската станица Неготино вчера во 16:30 часот било пријавено дека на паркинг простор пред базен во Неготино, Г.Т.(24) бил физички нападнат од Б.К.(30). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.

Во Полициската станица Кавадарци завчера во 21.30 часот било пријавено дека 24 годишник, вработен во болницата во Кавадарци, бил физички нападнат од Т.Ј.(24).

Напаѓачот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот