Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија – изјави Филипче во вестите на ТВ Канал 5.

Притоа тој посочи на опасностите за ширење на заразата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.

Овој став денеска, рече Филипче, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.

– Дефинитен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена – рече Филипче.

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Министерот за здравство соопшти дека за утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваат протоколите за работа на градинките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот