Филипче: Следнава недела ќе пристигнат 500 илјади маски и 20 илјади реагенси за тестирање на вирусот (ВИДЕО)

Од следната недела ќе бидеме подготвени за мобилни тестирања, истакна Филипче, припремите траеа изминативе денови.

Добра е состојбата на пациентите во Штип, луѓето кои беа дојдени од Србија и мајката и девојчето кои се дојдени од Англија, без компликации од болеста, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Владата во текот на вчерашната седница донесе одлука со коjа се забранува движење за време на викендот од 16 часот до 5 часот следниот ден. Оваа мерка е единствена којашто дава добри резултати, мерка со која се ограничуваат социјалните контакти, која става крај на ширењето на патот на вирусот – рече Филипче.

Од следната недела ќе бидеме подготвени за мобилни тестирања, истакна Филипче, и додаде дека подготовките траеле изминативе денови.

Добивме одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респиратоните машини, ги очекуваме на почетокот на април, истакна министерот.

– Дополнително најавуваат одговор и од Владата на Кина, донација којашто ние ја побаравме пред неколку недели, најавија дека ќе добиеме дефинитивен одговор. Следнава недела ќе пристигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на вирусот – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот