Филипче: Штип ќе добие амбулантно возило

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека Здравствениот дом во Штип ќе биде реновиран и ќе добие возило за итна медицинска помош. Тој денеска го посети Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип каде со директорите и вработените разговараше за состојбата и справувањето од ковид-19 вирусот и за тековните активности во овие установи.
Според Филипче, во Здравствениот дом во Штип следува целосно рановирање на ходниците и тоалетите, а реконструкцијата треба да почне за две недели.
Преку проектот на Светска банка од следната година ќе бидат реновирани сите вакцинални пунктови во државата.
Филипче рече дека има сосема доволна количина на тестови за коронавирус, на дневно ниво се прават близу 100 тестирања, а пунктовите за тестирање работат во две смени. Во врска со Службата за итна медицинска помош тој рече дека капацитетите значајно се зголемени, односно над  20 доктори и медицински сестри се примени на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот