Филипче: Од утре ќе функционира кол центар со стручни лица, просечна возраст на заразените е 40 години

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче одговори на новинарските прашања, меѓу кои имаше и за заразеното девојче од Штип.

-Првичните податоци од анкетата укажуваа дека девојчето дошло здраво и развило симптоми ден два по доаѓањето од Англија. Доколку постои сомневање, колегите од Центарот за јавно здравје ќа проверат. Тоа е казниво со закон.

Од утре со оглед на тоа што имаше бројни реакции, ќе функционира кол центарот. Ќе одговараат стручни лица со цел решавање на проблемот со сомнителни и непријавени случаи.

Во однос на возраста на новите случаи, просечната возраст е 40-тина години. Пациентите се од Скопје, Штип, Гостивар, Охрид и Дебар.

Вонредната состојба нас ни дава одврзани раце да бараме мерки преку Владата за контрола. Таму каде не се почитуваат мерки истите ќе се заострат, ние тоа ќе го направиме. Сметаме дека мора да се искористат сите механизми за делување во оваа состојба и да се спроведат мерките.

Кај секое лице кое беше заразено епидемиолошката анкета ја покажа мапата каде се движело и како ја пренело заразата на луѓето околу себе. На Инфективната клиника е исполнет капацитетот околу 20 отсто, има алгоритам за луѓе со домашно лекување во континуирана комуникација со лекарите од инфективна, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот