Филипче: Ќе се отвори пункт во малата сала на СЦ А1 „Борис Трајковски”

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Поради зголемениот интерес за вакцинирање, од среда или четврток ќе биде повторно отворен пункт во спортскиот центар „Борис Трајковски”, но во малата сала, рече  министерот за здравство Венко Филипче. Соопшти дека процесот на имунизација се одвива добро на сите пунктови и до вчера над 650 илјади граѓани примиле барем една доза вакцина, а бројот на ревакцинирани достигна половина милион.

-Повторно ќе се отвори  „Борис Трајковски”, за што дел од вработените од Здравствен дом кои беа на годишни одмори ги прекинаа за да ја стават во функција. Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови,  изјави денеска Филипче.

Апелираше граѓаните да се вакцинираат, има од сите типови и во доволно количини, посочувајќи дека нема наплив во болниците во градовите каде  што е висок процентот и интересот за вакцинирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот