ФФМ, Сејдини: Наша визија е пласманот на големите натпреварувања да биде нормална работа

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание во Скопје на кое присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022 година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за идната година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Делегатите на Собранието едногласно ги усвои извештајот од Администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2021-2025, а беше усвоена и Стратегијата за социјална одржливост.

Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари беа претставници на ФИФА.

Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж. За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг.

Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат. Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат.

На стара слава не се живее, имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата програма за работа е квалитетно осмислена и ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи. Во однос на тоа имаме голема поддршка и помош од УЕФА и ФИФА за што сме бескрајно благодарни. Не бегаме од предизвиците кои се пред нас, напротив, подготвени сме и се радуваме на новите искушенија – се зборовите на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот