Фернандо Алонсо се враќа во Ф1

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Фернандо Алонсо минатата година по трката во Абу Даби ја напушти Формула 1, откако зад воланот на Мекларен го освои 11. место во генералниот пласман.

Двојниот шампион кога си заминуваше не кажа збогум туку најави дека многу брзо ќе се врати во Ф1, а сега призна дека тоа ќе биде во сезоната 2021 кога ќе има 40 години.

– Мислам дека 2021 година е идеална за моето враќање во Ф1 шампионатот. Тоа нема да биде идната сезона бидејќи ќе важат истите правила како и досега, а токму тоа беше и причината за моето заминување. Затоа 2021 година кога ќе има промена на правилата е вистинската можност за кам-бек – порача Алонсо.

Шпанецот идната година планира да настапи на релито Дакар и на легендарната трка Инди 500.

– На последната трка во Ф1 на болидот пишуваше „Hasta luegо# (се гледаме), а не „Adios“ (Збогум) бидејќи планот ми е да се вратам – вели Алонсо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот