Фернандеш останува „ѓавол“, потпиша нов договор со Јунајтед

Бруно Фернандеш, останува во Манчестер јунајтед уште четири години/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Тоа што се најавуваше изминаните неколку дена, денеска стана и официјално, Бруно Фернандеш потпиша нов договор со Манчестер јунајтед.

Португалскиот репрезентативец со новиот договор се обврза дека на „Олд трафорд“ ќе остане до 2026 година, со опција договорот да се продолжи за уште една година. Со новиот договор, Фернандеш ќе заработува 14 милиони евра годишно и ќе биде меѓу најдоброплатените фудбалери на Манчестер јунајтед.

– Уште од првиот момент кога пристигнав во Јунајтед имам посебен однос со клубот и со навивачите. Пораснав гледајќи го овој тим и сонував еден ден да играм за Јунајтед. Сонот ми се отвари и горд сум поради тоа – изјави Бруно Фернандеш по потпишувањето на договорот.

Португалецот на „Олд трафорд“ пристигна во јануари 2020 година од Спортинг Лисабон и досега одигра 117 натпревари за Јунајтед на кои постигна 49 гола и има уште 39 асистенции.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот