ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА ПРОМЕНИ: Дали ова ќе ги натера корисниците да ја напуштат оваа социјална мрежа?

Фото: Принтскрин

Фејсбук наскоро би можел да започне да го крие бројот на „лајкови“ од почетната страница, пишува TechCrunch.

Инстаграм веќе некое време ја тестира таа опација прикажувајќи им ги на другите корисници сам имињата на заедничките пријатели кои лајкнале некоја објава, а се чини дека се задоволни од тие тестирања, бидејќи се шпекулира дека и Фејсбук би можел да ја направи истата работа.

Идејата е да се спречат корисниците се споредуваат со пријателите или останатите корисници на оваа мрежа или да се чувствуваат лошо доколку нивните објави не добиваат ист или поголем број на лајкови.

Исто така, на овој начин корисниците би можеле да бидат спречени во бришењето на објави за кои мислат дека не се доволно популарни.

Млад инженер од Хонг Конг веќе воочила дека Фејсбук започнал да работи на криење на бројот на лајкови, па веста ја споделила на Твитер, за потоа и од самата компанија TechCrunch да потврдат дека навистина се размислува за тоа.

Укинувањето на лајковите би можело да го намали притисокот кој го чувствуваат корисници и да ги поттикне да ги споделуваат почесто и послободно, но исто така, тоа би можело и да го забрза егзодусотна корисниците од Фејсбук, стои во заклучокот на TechCrunch.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот