Федерер за прв пат по 23 години нема да игра на Вимблдон

Рожер Федерер првиот настап на Вимблдон го имаше 1999 година/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Овогодинешното издание на Вимблдон ќе помине без тенисерот кој е најтрофеен на овој турнир со осум трофеи, Рожер Федерер. Швајцарецот за прв пат по 23 години нема да настапи на омилениот тениски турнир, а причина за тоа е бидејќи се опоравува од операцијата на коленото. Неговиот кам-бек на терените се очекува да биде во септември.

Имено, Федерер првиот настап на Вимблдон го имаше во 1999 година, а неговиот агент Тони Годски неодамна изјави дека Швајцарецот би сакал уште еднаш да заигра на омилениот турнир пред да се пензионира. Поради повреда нема да настапи ниту Кеи Нишикори, додека на руските и белоруските тенисери им е забранет настапот и поради тоа нема да играат Медведев, Рубљов, Хачанов, Карацев.

И во женска конкуренција има откажувања, овогодинешното издание на Вимблдон најверојатно ќе биде без сестрите Серена и Венус Вилијамс кои се уште не се пријавиле за настап. Сестрите Вилијамс имаат дури 12 титули во поединечна конкуренција, а не е пријавена ниту ланската финалистка од УС Опен, Лејла Фернандез која ја Ролан Гарос го повреди стапалото.

Затоа на Вимблдон сигурно ќе настапи Новак Ѓоковиќ кој ќе ја брани титулата во машка конкуренција. На листата на учесници се наоѓаат и Зверев, Циципас, Надал, Алкараз, Руд…

Постои голема можност Надал да го пропушти Вимблдон поради хроничната повреда на стапалото, а конечната одлука ќе ја донесе по утрешното финале против Руд во кое ќе ја брка 14 титула на Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот