ФДА ќе препорача одобрување на вакцината на „Џонсон&Џонсон“

Ковид вакцина/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Експертски советници од американската Управа за храна и лекови (ФДА) се очекува денеска да препорачаат одобрување на еднократната вакцина против ковид-19 од производителот „Џонсон & Џонсон“, отворајќи го патот за милиони дополнителни дози за целата земја од следната недела.

По добивање на препораката, ФДА веројатно ќе ја одобри вакцината за итна употреба во рок од еден ден, што ќе ја направи трета достапна вакцина во САД и единствена за која е потребна само една доза.

Во студија спроведена на 44.000 лица е заклучено дека  вакцината била со 66 проценти ефикасност во спречување на умерени случаи на ковид-19 во споредба со плацебо. Вакцината била 100 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација по 28 дена од вакцинирањето и немаше смртни случаи од ковид-19 меѓу оние кои ја примија.

Оваа вакцина може да се чува на нормални температури во фрижидер, што ја олеснува дистрибуцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот