ФБИ апсеше и во Србија: Во акцијата „Тројански штит“ меѓу уапсените 800 криминалци, имало и 18 Срби

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Во големата акцијата на ФБИ „Тројански штит“  меѓу уапсените повеќе од 800 криминалци, биле и 18 Срби, дознава Блиц.рс.

Српските служби уште од Јули минатата година, интензивно биле вклучени во оваа акција и уште од тогаш ги прателе комуникациите помеѓу криминалците, преку апликацијата ,,Аном“. Уапсените криминалци се бавеле со трговија на големи количини на наркотици.

Агентите од ФБИ се моментално во Србија и се во соработка со српските служби, следејќи ги комуникациите меѓу најистакнатите српски членови на подземјето.

Синоќа во медиумите ширум светот излегоа информации дека ФБИ во изминативе две години преку лажни апликации ги следеле сите пораки кои ги испараќале криминалците. Криминалците комуницирајќи мислеле дека апликациите се безбедни и дека никој не може да дојде до нив, но не очекувале тие да се креирани од страна на агенцијата.

„Тројански штит“: Стотици апсења низ целиот свет при масовна операција против организираниот криминал

Во пораките се говорело за трговија со дрога, се планирале ликвидации, и многу други кривични дела, а биле запленети и преку 48 милиони долари, што во готовина а другото во крипто валути.

ФБИ со години ја контролирала апликацијата ,,Аном“, откако мината апликација ,,Скај“ која ја користеле криминалците паднала, агентите им ја наметнале новата апликација преку соработниците од подземјето. Новата апликација ја користеле преку 10 илјади корисници, од 90 различни земји, меѓу кои Србија, Германија и Шпанија.

За повеќе од две години агентите имаат собрано повеќе од 20 милиони пораки, на повеќе од 11,800 уреди кои ги користеле криминалците.

Како што велат српските медиуми, криптованите апликации ги користеле и од групата на Вељко Беливук, во јавноста познат како ,,Веља Невоља“, како и од кавачкиот клан, на чело со Радоја Звицер и Слободан Кашчелан.

ВИДЕО | Андоновиќ: Операција Ајронсајд – Зададен најсофистицираниот светски удар врз организираниот криминал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот