ФАЗ: Враќањето на Трамп може да го отвори патот за идејата на Тачи, Рама и Вучиќ за поделба на Косово

Кушнер има планови за уништената зграда на Генераштабот во Белград/Фото: Х

Реализацијата на потенцијалниот инвестициски проект на зетот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Џeред Кушнер во Албанија и Србија може да има големи последици, пишува германскиот медиум „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).

Како што беше соопштено, поранешниот специјален претставник на САД за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, одигра важна улога во постигнувањето на овој договор.

„Во тоа време (кога беше специјален пратеник), Гренел воспостави добри контакти со шефот на албанската влада Еди Рама и со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој не го криеше фактот дека сака да ги претвори овие односи во „пари“ откако ја напушти политиката: „Никој никогаш не треба да се извинува што сака да заработи пари“, рече Гренели во интервјуто во Албанија за неговите планови во регионот“, пишува весникот.

Понатаму се вели дека за Рама и Вучиќ, таквата поддршка може да се покаже политички корисна доколку Трамп се врати на власт, особено со Гренел како дел од неговата администрација.

Понатаму се споменуваше „планиран договор“ меѓу Рама, Вучиќ и тогашниот претседател на Косово Хашим Тачи за поделба на Косово.

„Кога Гренел беше пратеник на Трамп за Балканот, Рама, Вучиќ и тогашниот претседател на Косово Хашим Тачи беа на работ на поделба на Косово. Според тогаш планиранио договор, за кој се шпекулираше како „размена на територии“, северот на Косово ќе паднеше во рацете на Србија, а југот ќе тежнееше кон Албанија“, се вели во овој текст, и се додава дека овој договор тогаш е спречен.

Во написот се додава дека добрите односи сега со потенцијалниот следен претседател на САД би можеле да го отворат патот Рама и Вучиќ да го оживеат нивниот првичен план.

Инвестициските планови на Кушнер во Албанија вклучуваат инвестиции во луксузни одморалишта на брегот на албанското крајбрежје, додека во Белград вклучува изградба на хотел и зграда со 1.500 станбени единици на местото на Генералштабот на Војската на СРЈ разурнат во НАТО бомбардирањето во 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот