Фаворитите го играат дербито на дното

фото: ФК Работнички

Во петтото коло од Првата македонска фудбалска лига(ПМФЛ), најмногу внимание предизвикува дуелот помеѓу последно пласираните екипи на табелата. Работнички и Шкендија важеа за големи фаворити пред почетокот на сезоната, но и двата тима одиграа катастрофално во воведните четири дуели и се најдоа во незавидна ситуација.

„Романтичарите” со само една остварена победа се на деветтата позиција, додека последнопласираните тетовци имаат само едно реми и еден бод на своето конто. Голманот на Работнички Даниел Шишковски верува дека неговата екипа е кадарна да дојде до триумф во Тетово и со тоа да се стави крај на лошата резултатска серија.

– Шкендија е квалитетен тим, актуелен првак е иако не ја започна најдобро оваа сезона. Сигурно дека ќе сака брзо да го подобри пласманот. Но, и ние имаме свои планови и се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат – вели Дамјан Шишковски.

Во преостанатите дуели се среќаваат: Македонија ЃП – Борец, Шкупи – Силекс и Вардар – Струга Трим и Лум. Лидерот на табелата Академија Пандев, во петокот го пречека пред своите гледачи тимот на Ренова.

Двојки за 5. коло ПМФЛ:
Шкендија – Работнички (15 ч.)
Шкупи – Силекс (15.30 ч.)
Македонија ЃП – Борец (15.30 ч.)
Вардар – Струга Трим-Лум ((15.30 ч.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот