„Фанк шуи“ закажаа втор концерт во Кино Фросина

Фото: Инстаграм/„Фанк шуи“

Една од најпрогресивните македонски музички групи „Фанк Шуи“ на својот официјален инстаграм-профил во очи распродадениот концерт по повод концертната промоција на нивниот трет студиски албум „Никогаш пак“ на 31 март во „Дансинг салата“ во МКЦ, најавија и втор концерт.

„Во очи распродадениот концерт, за сите вас кои не успеавте да купите карта – објавуваме уште еден, овој пат поблиску едни до други. „Sit Down концерт во Кино Фросина. Карти во продажба од денес (30 март) 10:00ч по цена од 500ден“ – стои во официјалната објава на бендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Funk Shui (@funkshui_)


Досега, бендот има издадено два албума – „Етер“ во 2012 година и „R.E.M“ во 2015 година. Во периодот помеѓу двата албума, бендот го издава синглот со наслов „Огледала“, кој подоцна се наоѓа на вториот албум. По издавањето на вториот албум ја снимаат песната „Архетип“, која добива и свој видеозапис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот.

ВИДЕО | „Фанк шуи“: За музика се пресудни љубовта и жарта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот