Фабриката на Фајзер во Белгија продолжи со нормално производство на вакцината

Фајзер/ Фото: EPA

По привременото одложување на производството на вакцини, фабриката „Фајзер” во белгискиот град Пурс го врати распоредот на испораки до коминтентите во нормала, соопшти денеска компанијата.

Како што оттаму наведуваат, минатата недела и на почетокот на оваа биле испорачани само осум проценти помалку дози од договорените, пренесе весникот „Ле Соар”.

-Како што претходно кажавме, се вративме во нормалниот ритам на планирано производство. Влијанието е минимално и испорачавме осум отсто помалку дози отколку што првично планиравме, изјави портпаролката на „Фајзер”, Мари Лиза Верслден

„Фајзер” на 15 јануари соопшти дека привремено за Европа ќе доставува помалку дози вакцини против коронавирус, поради промените во производствениот процес во својата фабрика во Пурс.

Ова доцнење требаше да има ограничен ефект само за периодот од 18 до 25 јануари.

Многу европски земји најавија тужби против американската компанија поради одложувањата, бидејќи им е нарушен планот за вакцинирање на населението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот