EXIT има порака за регионот: Повторно обединети го враќаме животот во живот!

Instagram
Instagram

Пред точно 20 години, првото меѓународно издание на ЕГЗИТ Фестивалот за прв пат, по бурните деведесетти, на едно место собра голем број на млади од сите краеви на регионот – Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.

Се обновија тогаш многу пријателства, но воспоставен беше и голем број нови, кои, во следните години, секој јули ритуално беа продлабочувани на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. ЕГЗИТ така стана излез за сите оние кои сакаа да градат некои нови односи во регионот.

Ова лето, по повеќе од 15 месеци пандемиски рестрикции, забрани за собири, неможност за патување, отуѓеност едни од други, повторно бараме излез, но овој пат на глобално ниво. Бараме повторно да бидеме заедно, бидејќи меѓучовечкиот контакт е исконска човекова потреба, без која животот не може да се замисли. Благодарение на успешната програма за масовно вакцинирање во Србија и драстичното подобрување на епидемиолошката ситуација, ЕГЗИТ ќе биде еден од првите големи фестивали во светот кои ќе се одржат ова лето.

Тимот на ЕГЗИТ по повод ова издание, го лансираше видеото наменето за луѓето од нашиот регион, кое ги повикува сите повторно обединети да го вратиме животот во живот, и да му ја покажеме на светот силата на сѐ она што нѐ поврзува – силата на слободата, радоста, љубовта и единството.

„Сигурно е дека на овогодишниот Егзит, како и на оној првиот меѓународен пред дваесет години, ќе дојде до катарза на енергијата насобрана во претходните повеќе од година дена, која ќе отвори некои нови димензии на фестивалското искуство. Поради тоа овогодишното издание сигурно ќе остане запишано како единствено и едно од најпосебните во целата фестивалска историја“, изјави по овој повод Сањин Ѓукиќ, член на Управниот одбор на ЕГЗИТ Фестивалот.

Големата прослава на 20-годишнината на ЕГЗИТ Фестивал ќе биде одржана од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а своите настапи веќе ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња како што се Дејвид Гета, Ерик Приц & Фоур Тет, Диџеј Снејк, Сабатон, Нина Кравиц, Пол Калкбренер, Тајга, Соломун, Амели Ленс, Масео Плекс, Денис Султа, Диџеј Топик, Робин Шулц, Асаф Авидан, Сатори, Борис Брејча, Хани Дижон, Хот Синс 82, Медуза, Пол ван Дајк, Артбат и Шек Вес, а веќе утре пристигнуваат уште нови имиња.

Влезниците можат да се набават преку официјалната страница на фестивалот, како и преку овој линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот