Еврото на највисоко ниво од средината на март, доларот бележи пад

Австралискиот долар, чувствителен на случувањата на глобалната трговија, зајакна за 1,3 отсто во однос на американскиот и достигна највисоко ниво во изминативе 4 месеци.

Курсот на еврото на денешното тргување на меѓународните берзи на кратко достигна највисоко ниво од средината на месец март, а ризичните валути, како австралиската, забележаа добивка бодејќи инвеститорите се охрабрија од добрите вести кои пристигаат од кинеската економија како и најавите за попуштање на тензиите меѓу САД и Кина.

Еврото забележа раст од 0,4 проценти во однос на доларот споредено со вредностите од затворањето на берзите во петокот, достигнувајќи вредност од 1,1154 долари за едно евро.

Австралискиот долар, чувствителен на случувањата на глобалната трговија, зајакна за 1,3 отсто во однос на американскиот и достигна највисоко ниво во изминативе 4 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на останатите валути со кои се тргува на берзите, забележа минус од 0,3 отсто во однос на цената забележана на затворањето на берзите во петокот, лизнувајќи се на 97,954 бодови. Тоа значи дека во моментов е на најниско ниво од средината на март.

Инвеститорите здивнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот не најави нови чекори поврзани со царините на увоз за Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот