Европскиот парламент ја повикува ЕУ да го признае Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Хуан Гуаидо / Фото: Архива

Европскиот парламент вчера усвои резолуција, со која се повикува Европската унија да го признае Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, откако Унијата го го снижи неговиот статус на почетокот на овој месец.

Сите 27 земји-членки на ЕУ на 6 јануари одлучија дека повеќе не можат законски да го признаваат Гуаидо за легитимен шеф на државата откако тој ја загуби функцијата претседател на парламентот и покрај тоа што ЕУ не ги признава резултатите од парламентарните избори одржани во декември во Венецуела.

Резолуцијата, усвоена со 391 гласа „за” и 114 „против”, со 177 воздржани, не е правно обврзувачка, но има политичка тежина.

Европскиот парламент „ги повикува … земјите-членки недвосмислено да го признаат уставното продолжение на легитимното Национално собрание на Венецуела избрано во 2015 година и легитимниот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо”, се наведува во резолуцијата.

САД и Велика Британија сè уште го сметаат Гуаидо за вистински лидер на Венецуела по контроверзниот реизбор на претседателот Николас Мадуро во 2018 година.

Дипломатите на ЕУ истакнаа дека Унијата не го признава Мадуро за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот