Евролигата го казни Партизан: Црно-белите без навивачи во дербито против Црвена Звезда

Фото: КК Партизан

Евролигата го казни Партизан за дивеењето на навивачите на гостувањето кај Валенсија, па така црно-белите ќе бидат без навивачи во натпреварот против Црвена Звезда.

Навивачите на Партизан во тој натпревар влегоа во судир со полицијата, но и со домашните навивачи кои седеа во нивна близина.

Сега Евролигата отвори дисциплинска постапка поради овие нереди и изрече казни. Покрај играњето без навивачи Партизан ќе плати и парична казна од 30.000 евра.

Црвена Звезда е домаќин на тој натпревар меѓутоа Партизан нема да го има процентот на навивачи кои им следува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот