Евролига: „Кралевите“ први учесници на Ф4 турнирот во Белград

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Кошаркарите на Реал се првите учесници на фајналфорот во Евролигата, кој годинава ќе се игра во Белград, Србија.

Реал и во третиот меч го совлада Макаби и така на најубедлив начин стигна до пласман на завршниот турнир. „Кралевите“ во третиот натпревар славеше со резултат 87:76.

Шпанскиот гигант беше подобар од почетокот, а Израелците крајно скапо ја платија лошата и неинволвирана игра во одбраната, па по две победи на домашен терен, Мадрид славеше и во Тел Авив.

Реал можеше да си дозволи многу бавна последна четвртина, во која не се истакна во шутот, но и не дозволи Макаби да замавне и да стигне.

Серхио Љуљ беше најефикасен во триумфот со 18 поени и шест асистенции, а на спротивната страна во тимот на Макаби Вилбекин постигна 22 коша.

Анадолу Ефес славеше дома против Олимпиа Милано со 77:65 и поведе со 2:1 во серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот