Евробаскет 2025: Квалификациите ги отвораме дома против Естонија

фото: kfsm.mk

Како што е веќе познато, македонската сениорска кошаркарска репрезентација ќе биде во квалификациската група „Х“ во која се и Литванија, Естонија и Полска за пласман на следното Европско првенство во 2025 година.

Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е еден од домаќините на ЕП, и има обезбедено директен пласман на шампионатот, место во завршниот дел ќе има за најдобрите две пласирани репрезентации во ова „друштво“.

ФИБА го објави распоредот на квалификациските натпревари на македонската репрезентација. Првиот меч нашите најдобри кошаркари ќе го имаат на 23 февруари 2024 година на домашен терен против Естонија.

Во неделата избраниците на селекторот Александар Јончевски играа токму против Естонците во олимписките претквалификации.

Распоред на натпревари

Квалификации за Евробаскет 2025 –

23 февруари 2024
Македонија – Естонија

26 февруари 2024
Полска – Македонија

21 ноември 2024
Македонија – Литванија

24 ноември 2024
Литванија – Македонија

21 февруари 2025
Естонија – Македонија

24 февруари 2025
Македонија – Полска

Јончевски по жрепката во Минхен: Се надевам дека комплетни ќе ги одиграме квалификациите за ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот