„Еуромакс ресорсис“: Одличен одзив на повикот за финансирање локални проекти во вредност до 1 милион евра

 „Еуромакс ресорсис“ неодамна објави повик за спонзорирање проекти од локално значење, во вредност до 1 милион евра, а сега споделија дел од предлозите на жителите од струмичкиот регион. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани жители на струмичкиот регион,

Најискрено Воодушевување и благодарност до Сите Вас за позитивната и граѓански одговорна реакција на нашиот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“. Во охрабрувачки голем број не контактирате и предлагате конструктивни идеи за приоритетни проекти за реализација сега и веднаш!

Сакаме транспарентно да споделиме дел од вашите предлози:

  • Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица
  • „Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово
  • „Св. Климент Охридски„ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село
  • ЈУ Институт за Заштита и Рехабилитација“, Банско, општина Струмица
  • Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село
  • Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново – Иловица во должина од 6 километри
  • Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново …
  • проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука систем за наводување
  • од неколку невладини организации дојдоа предлози за реконструкција на туристичките локалитети, Еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина
  • Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини
  • Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри, општина Струмица
  • наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството
  • финансиски грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.

Ајде сите да се надминеме себе си и околу овие благородни активности во интерес  на СИТЕ Жители од струмичкиот регион –  да не се делиме по партиска, етничка, релизигозна или која било друга различност! Потребни се позитивни дела и реални инвестиции за развој, сега и веднаш!, стои во соопштението на „Еуромакс ресорсис“.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот