ЕУЛЕКС ги зголеми патролите на северот од Косово за да го смири локалното население

Фото: Косово онлајн

ЕУЛЕКС објави дека во координација со косовската полиција и КФОР се обидуваат да го смират локалното население преку зголемено присуство во северниот дел на Косово. Тие посочија дека патролираат пеш во општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, објавија косовските медиуми.

Како што наведоа, важно е сите луѓе од сите заедници да бидат безбедни и да се чувствуваат безбедно.

„Во зависност од развојот на настаните на теренот, не може да се исклучи натамошно зголемување на специјализираната полициска единица на ЕУЛЕКС, се обидуваме да го увериме локалното население преку нашето зголемено присуство во северниот дел на Косово. Важно е сите луѓе од сите заедници да бидат безбедни и да се чувствуваат безбедно“, велат од ЕУЛЕКС.

И последниот пат кога се стравуваше од ескалација на ситуацијата на северот од Косово, поради проблемот со регистарските таблички, ЕУЛЕКС ги засили своите резервни единици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот