ЕУ ќе ја тужи Кина доколку го наметне законот за безбедност на Хонгконг

Европскиот парламент, со големо мнозинство, усвои резолуција во која се наведува дека ЕУ мора да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, доколку официјален Пекинг го наметне новиот закон за безбедност на Хонгконг.

Владите на земјите членки на ЕУ веќе изразија „длабока загриженост” за најавениот нов закон, за кој  дипломати, активисти и деловни кругови велат дека го загрозува полу-автономниот статус на Хонгконг и неговата улога во светската економија.

ЕУ, САД и Австралија се согласуваат дека новиот закон за безбедност во Хонгконг ќе го обесмисли принципот „една земја, два система”, а со кој се дефинира автономијата на Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот