ЕУ извлече 400 Авганистанци, 300 се мачат да дојдат до аеродромот

img alt
Авганистанци се качуваат на авион на аеродромот во Кабул / 16 август 2021, Кабул, Авганистан / Фото: Wakil Kohsar / AFP / Profimedia

Околу 400 Авганистанци и членови на нивните семејства беа евакуирани од Кабул во Европа, а уште 300 се обидуваат да дојдат до аеродромот, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, пренесува Ројтерс.

Борел ја оцени состојбата во Кабул како катастрофален кошмар, и додаде дека „морална должност“ на ЕУ е да ги спасат Авганистанците кои работеле за ЕУ, но потврди дека можеби нема сите да бидат евакуирани.

Утрово првата група на евакуирани авганистански мигранти пристигнале на шпанскиот аеордром западно од Мадрид. Шпанија ќе биде влезната точка на авганистанските бегалци во Европа, а потоа ќе бидат распоредени низ земјите-членки на ЕУ.

Евакуацијата ќе продолжи и наредниве недели, а распределбата ќе биде во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот