ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа, бара политичко решение

Naaman Omar / Zuma Press / Profimedia

За Европската Унија само политичко решение може да доведе до траен мир во регионот.

Европската Унија го поздравува договорот за прекин на огнот во Газа после единаесет дена интензивно насилство, јави дописничката на МИА од Брисел.

За Европската Унија само политичко решение може да доведе до траен мир во регионот.

„Ужаснати сме и тажни за изгубените животи во последните 11 денови, како што ЕУ секогаш повторува, ситуацијата во Газа одамна е неодржлива. Само политичко решение ќе донесе одржлив мир и ќе стави крај еднаш засекогаш на палестинско-израелскиот конфликт. Враќањето на политичкиот хоризонт за решение со две држави сега е од најголема важност”, се наведува во реакцијата на дипломатската служба на ЕУ по најавата дека двете страни постигнаа договор за прекин на огнот во и околу Газа.

Брисел им се заблагодари на земјите и организациите кои придонесоа кон договорот за прекин на огнот: САД, ОН, Катар и Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот