ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

ФОТО : Архива

Санкциите и беа воведени на Русија во 2014 година, по припојувањето на Кримскиот полуостров, и се поврзани за почитување на мировниот договор од Минск 2015 година.

Европската унија ги продолжи економските санкции за Русија на дополнителни шест месеци бидејќи земјата не ги исполнила своите обврски за мировен договор со Украина.

Санкциите се однесуваат на рускиот финансиски, енергетски и одбрамбен сектор, како и врз артикли кои може да се употребуваат и за цивилни и за воени цели.

Санкциите и беа воведени на Русија во 2014 година, по припојувањето на Кримскиот полуостров, и се поврзани за почитување на мировниот договор од Минск 2015 година.

– Со оглед дека се уште не е постигната потполна реализација на договорот, лидерите на ЕУ донесоа политичка одлука да ги продолжат економските санкции против Русија, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Санкциите се продолжени до 31. јануари. Овие мерки на ограничување на пристапот на руските банки и компании до пазарите на капитал во ЕУ, целосно го забрануваат увозот, извозот и трансферот на одбрамбена опрема и го ограничува пристапот на Русија до „осетлива“ технологија која се користи при производството на нафта.

Повеќе од 14.000 луѓе се убиени во судирите на украинската војска и сепаратистите кои ги поддржува Русија во источна Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот