Ердоган во посета на Русија

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, придружуван од многу министри и високи државни претставници, отпатува во рускиот главен град Москва за одржување на осмиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Турција и Русија.

„Нашата соработка со Русија е сè поголема и сè повеќе се зајакнува. Продолжуваат нашите состаноци на Високиот совет што го воспоставивме во 2010 година и има институционален карактер.“, изјави Ердоган во неговото обраќање на аерордромот „Ататурк“.

Ердоган истакна дека за време на неговата посета на рускиот претседател Владимир Путин, ќе се разгледуваат глобалните и регионалните прашања, но пред сè ќе се разговара за сириското прашање.

Турскиот претседател ја коментираше и изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој вети дека по изборите во Израел ќе го анектира Западниот брег. „Сè што прави Нетанјаху е спротивно на меѓународното право, сè што направија тие од 1948 година до денес, сè е незаконски и спротивно на одлуките на ОН. Западен брег е на Палестинците и ние ќе продолжиме да бидеме со палестинците како што бевме и досега.“ истакна Ердоган.

Осврнувајќи се на случувањата на локалните избори во Турција, Ердоган рече дека има многу нерегуларности, но последната одлука ќе ја донесат Врховната изборна комисија и судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот