ЕП ја осуди изјавата на Орбан за расното мешање

Европски парламент /Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европскиот парламент денеска ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за „мешање на расите”.

„Ние, лидерите на политичките групи во Европскиот парламент, силно ги осудуваме неодамнешните отворено расистички изјави на премиерот Орбан дека не сака ‘луѓе од мешана раса’”, се вели во соопштението.

„Ваквите неприфатливи изјави, кои јасно ги нарушуваат нашите вредности содржани во европските договори, немаат место во нашите општества”, додава ЕП.

За време на говорот во Романија минатата недела, Орбан рече дека „постои свет во кој Европејците се мешаат со луѓе кои пристигнуваат” надвор од континентот, што е „свет на мешани раси”.

Од друга страна, продолжи Орбан, „тука е Карпатскиот басен каде Европејците како Унгарците, Романците и Словаците се мешаат меѓу себе”. „Подготвени сме да се мешаме, но не сакаме да станеме мешана раса”, рече Орбан.

Во четвртокот унгарскиот премиер во Австрија негираше дека е расист.

„Понекогаш се случува да ги формулирам своите изјави на таков начин што тие се погрешно разбрани”, рече тој за својот говор пред унгарското малцинство во Романија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот