ЕМА препорача подолго чување на вакцините Фајзер на стандардни температури

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек” на стандардни температури во фрижидер до 31 ден.

„Промената се однесува на неотворени шишенца”, соопшти ЕМА, додавајќи дека нивниот предлог следи по проценка на дополнителни податоци од студијата за стабилност на вакцините, обезбедена од „Фајзер” и „Бионтек”.

Во февруари, американските власти одобрија складирање и транспортирање на вакцините на стандардни температури од два до осум степени Целзиусови до две недели, наместо на ултра ниска температура од -80 до -60 степени Целзиусови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот