Елтон Џон пред 50 години ѝ подарил цвеќе, таа сега го продава на аукција

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Обожавателка на Елтон Џон на аукција ќе ги продаде цвеќињата кои тој ѝ ги подарил пред речиси 50 години.

Тогаш 16-годишната Дебора Вилијамс од Вулверхемптон била да го види својот идол на настап во 1976 година, кога тој фрлал црвени каранфили во публиката.

Откако во толпата ѝ ги грабнале цвеќињата од рака, Елтон Џон слегол од бината и ѝ подарил нов букет со цвеќиња, раскажува Дебора.

Сега, на возраст од 64 години, г-ѓа Вилијамс планира внимателно сочуваните цвеќиња и други скапоцени предмети да ги продаде на аукција на 14 јуни.

Елтон Џон
Фото: Andre Csillag / Shutterstock Editorial / Profimedia

Концертот пред 50 години се одржал во „Волферхамптон Сивик Холс“ (Wolverhampton Civic Halls), а билетите чинеле само 2,50 фунти, се сеќава Дебора.

„Оттогаш ги чувам заедно со сите останати сувенири од Елтон што ги поседувам. Цветовите ги исушив и ги чував во книга со стиховите на неговите песни“, рекла Дебора.
„Тие ми се многу драгоцени и затоа сега ги продавам. Немам деца и ако нешто ми се случи, се плашам дека ќе завршат во ѓубре“, додава таа.

Богатството со сувенири на г-ѓа Вилијамс вклучува маици, летоци, билети за концерти, фотографии, беџови и постери, вклучително и постер на Елтон Џон и Реј Купер од 1977 година.
Таа поседува и тапанарска палка, што ја користел тапанарот на Елтон, Реј Купер во театарот Хиподром во Бирмингем во 1979 година.

Сите предмети ќе бидат понудени на продажба во три дела на продажбата на музички сувенири на „Хенсонс Окшнерс“ (Hansons Auctioneers) и се очекува да достигнат цена од околу 500 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот