Елшани: 25 отсто од косовската полиција е повлечена од областа околу општинските згради на север

Фото : Архива - косовски безбедносни сили

Портпаролот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, потврди дека косовската полиција го намалила бројот на припадници за 25 отсто од областа околу општинските објекти на северот, пренесува Репортерс.

„Откако Управата на полицијата го добила решението на Владата, истото е испратено на терен на извршување. Одлуката на Владата на Косово почна да се применува вчера, која заврши денеска“, рече Елшани.

Владата во Приштина пред два дена објави дека е подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата – што вклучува итно намалување на полициското присуство за 25 проценти во и околу општинските згради во четири општини на север.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот