Експресно испразнет хотел во Тетово, имало свадба

Фото: ДПИ

Во хотел во Тетово вечерва пазарните инспектори заедно со полицијата растурија свадба организирана спротивно на забраните за големи собири, соопштија од Државниот пазарен инспекторат.

-Пред еден час, инспекторите влегле во хотелот и по увидот дека се прекршени рестриктивните мерки, свадбарите се испратени дома, а управителот на објектот е приведен, изјави за „Слободен печат“ директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

Поради прекршувањето на владините рестриктивни мерки со кои се забранети големи семејни свечености, против сторителите ќе следуваат мерки и платни налози според казнените одредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот