Експлозија на тава на фестивал за готвење во Германија: Едно лице загина, 14 повредени

Фото: Илустрација/EPA

Во несреќа на фестивал за готвење во Германија едно лице го загубило животот, а 14 се повредени.

Поточно, на Фестивалот за готвење во Фројденберг експлодирала тава при што загинала жена.Пет лица се во тешка состојба, четворица поради изгореници и едно поради срцев удар.

Сведоците на настанот велат дека жртвите се разбегале. Сите повредени имаат меѓу 31 и 75 години, пренесува ДПА.

Полицијата соопшти дека причина за експлозијата е најверојатно маслото во тавата, а во тоа време имало околу 100 луѓе на фестивалот. Несреќата најверојатно се случила поради дождот, односно капките што паднале во врелото масло, но истражителите велат дека ќе бидат потребни неколку дена за да дознаат што точно се случило.

– Ова е ужасна несреќа за нашиот мал град – рече градоначалничката Никол Решке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот