Експлозија на гасовод во Романија, четворица мртви

Романија знаме/Фото: Профимедиа

Четворица градежни работници загинаа синоќа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести (округот Вранча), а петмина повредени се хоспитализирани.

Во 01:30 часот, пожарникари биле повикани на автопат во изградба во Калиманести поради експлозија на гасовод, проследена со пожар.

Како резултат на инцидентот пет лица се повредени. За жал, на самото место се пронајдени четири јагленосани трупови, изјави портпаролот на Инспекторатот за вонредни состојби во Вранча, Флорин Олару, пренесува Аџерпрес. Тој прецизира дека пожарот бил изгаснат за околу три часа и се прават напори за разладување на машините зафатени од пожарот.

Двајца од повредените во експлозијата се здобиле со изгореници од 65, односно 40 отсто, а со хеликоптер биле пренесени во болница во Букурешт, соопшти медицинската служба во округот Вранча.

Според прелиминарната верзија, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот